» ЕКСКЛУЗИВНО: СЕ ЗГОЛЕМУВА АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВАТА!

ЕКСКЛУЗИВНО: СЕ ЗГОЛЕМУВА АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВАТА!

Нафтата во светот поевтинува но горивата во Македонија поскапуваат, и тоа доста - причината е зголемувањето на акцизата за горивата
Објавено на 1 април 2015 година

 1 april

Напредокот во преговорите за иранската нуклеарна програма што директно ќе влијае за укинување на санкциите по што на глобалниот нафтен пазар ќе се појават големи количества иранска нафта кои ќе ја поевтинат нејзината цената беше последен сигнал за предупредување дека нешто мора да се преземе за да се заштити буџетот во кој заради пониските цени на горивата се влеваат значително помалку средства од планираните по основ на ддв од продажбата на дериватите. Заради тоа, владата на вечерната седница ќе донесе одлука за зголемување на акцизата за горивата. Според анонимно информирани извори зголемувањето на акцизата ќе биде привремено но драстично и ќе ја подигне цената на горивата над ланското ниво, кога литар бензин чинеше повеќе од 80, а литар дизел над 70 денари и ќе важи сé додека цената на суровата нафта на светските пазари не се врати на нивото над 100 долари за барел или пак додека еврото не падне на вредност под половина долар.

Освен ова, направените анализи за последиците од заострените еколошки услови за увоз на стари автомобили од Европа како и претстојните законски измени со кои приватни лица нема да можат да се занимаваат со оваа дејност покажуваат дека треба да се очекува големо намалување на приходи во буџетот и по оваа основа, така што ако има време вечерва ќе биде дискутирано и тоа прашање. Ако не, ќе остане за некој иден 1 април.

 1 april

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии