» Спачек за 75.600 евра?


Citroen 2CV Tip A

Спачек за 75.600 евра?

Да, и тоа го има - еден редок примерок на легендарниот Спачек се продаде за 75.600 евра
Објавено на 26 јануари 2018 година

На една аукција одржана во Париз деновиве беше понуден и еден примерок на Спачек од 1949 година, проценет меѓу 12 и 15 илјади евра. Но сите ги изненади постигната цена од 75.600 евра, колку што за него понуди еден холандски музеј. Во прашање е еден од првите произведени примероци на Citroen 2CV Tip A, како што му е официјалниот назив. Легендарниот Спачек беше претставен на 7 октомври 1948 година на салонот на автомобили во Париз. Сериското производство започна во 1949 година, а во првата серија беа направени 876 автомобили. Токму од нив е и овој споменатиот, кој има број на шасија 458. Овој факт најмногу влијаеше на конечната цена, бидејќи друг примерок на Спачек од 1951-тата постигна „само“ 17.400 евра.

Инаку, на истата аукција еден Bentley Mulsanne од '81 се продаде за 12.000 евра, а Jaguar XJ 4.0 од 1995 година за 4.800 евра.

клучни зборови: занимливости, Citroen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии