» Toyota Auris :: Чудно, навистина чудно

Чудно, навистина чудно

Дури и неверојатна е формулата со која Toyota го сместува Auris во фокусот на вниманието на купувачите
Објавено на 15 март 2015 година

 Toyota Auris

Обновениот Avensis со своето ново семејно лице не беше осамен на штандот на Toyota во Женева - широкиот простор на едно од поретките атрактивни места под куполите на тамошното сајмиште и вниманието на посетителите кои тука традиционално не се наклонети кон јапонските автомобили тој го делеше со освежениот Auris. Но, купувачите ширум Европа не се согласуваат со нивното мислење - тие лани во ред за него застанаа 130.000. Навистина е чудно, дури и неверојатно како Toyota успева да ги привлече толку - неговите карактеристики се така избалансирани што освен со хибридната технологија Auris со ништо не се истакнува во однос на конкурентите, што е погубно за маркетиншкиот настап.

Барем така беше досега - новиот бран измени на компактот со златно име му донесе две измени со кои веќе отскокнува. Ако помалку и се навикнавме на новото семејно лице кое сега го краси и Auris, новите мотори наменети за него се делуваат освежувачки и целосно провокативно за да им се посвети дополнително внимание. Велејќи дека нуди повеќе за помалку, Toyota со новиот бензински мотор од 1,2 литри кој  Toyota Aurisосамна во X-носот на Auris ја продолжува погонската офанзива со која во текот на ланската и оваа година го напаѓа пазарот со 14 нови агрегати. Арсеналот на новиот мал четирицилиндричен мотор се состои од директното вбризгување на горивото во цилиндрите, турбо компресорот, интелигентното управување со вентилите и неколку други позадински единици, кои му ставаат на располагање 115 јуришни коњски сили. Значајно е и што вртежниот момент од 185 Nm практично нема максимум - неговата крива на распределба е рамна линија меѓу 1.500 и 4.000 вртежи. Претворено во бројки кои купувачите повеќе ги сакаат, тоа значи дека Auris со него забрзува до 100 km/h за 10,1 секунди, постигнува максимални 200 km/h, просечно троши 4,7 литри на 100 km и има емисија на CO₂ од 109 g/km. Ваквите дизелски бројки пак укажуваат дека дизелската гама на Auris е уште поштедлива, но акцентот овој пат падна на помоќниот 1,6 литарски агрегат. Неговите 112 коњи со баварски гени му даваат поинаков карактер на хечбекот со англиско потекло, кој сепак и понатаму ќе остане најинтересен во својата хибридна верзија. Причините заради кои 50% од купувачите во Западна Европа се определуваат на Auris Hybrid сите ги знаеме.

Пакетот измени кај Auris е заокружен со изразителниот заден дел, генерално подобрениот ентериер со нова инструмент табла и унапредените пакети опрема. Од годинава, Toyota под ознаките на Scion ќе го понуди овој модел и на Американците.

 Toyota Auris

клучни зборови: новитети, Женева, Toyota

Изразен карактер

Свежо лице, нови мотори - тоа се новите карактерни особини на Toyota Auris




повеќе

Живот со +30

Само пет години откако ја издвои хечбек верзијата на Corolla како посебен модел, Toyota ја подготви и неговата втора генерација



повеќе

Toyota Auris

(фото галерија)




повеќе

Toyota Auris

(видео галерија)




повеќе

Auris Hybrid отсега уште почист

Toyota објави дека успеала да ја намали емисијата на јагленород диоксид на хибридната верзија на Auris на 84 g/km



повеќе

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии