» Цел месец неодолива понуда од Peugeot


Peugeot

Цел месец неодолива понуда од Peugeot

Објавено на 13 февруари 2018 година

Генералниот увозник на Peugeot за регионов Еуроимпекс од Скопје на љубителите на возилата на француската марка им понуди можност на која е тешко да се одолее. Во акција која трае само во месец февруари сите заинтересирани можат да ја искористат оваа можност и да изберат некое од возилата на Peugeot што се на залиха - 208, 308, 301, 508, 2008 и 3008 па дури и дел од товарната гама по неодоливи цени. Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите - моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Peugeot. Секако, на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot.

Без разлика дали станува збор за мали градски автомобили или големи претставници на SUV гамата, Еуроимпекс има соодветна понуда за да ги задоволи барањата дури и на најпребирливите клиенти. Дозволете да бидете заведени од софистициран дизајн и современа елеганција. Возила со изграден карактер кои истакнуваат моќ, ефикасност како и грижа за околината. Интуитивни, иновативни, ергономични и комфорни, пружаат максимална контрола зад управувачот. Еуроимпекс, генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.

клучни зборови: Македонија, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии