» Bugatti 3-Д сопирачки


Bugatti

Bugatti 3-Д сопирачки

Со помош на 3-Д технологија на печатење, Bugatti ги произведе најмоќните сопирачки во светот на автомобилите
Објавено на 29 јануари 2018 година

Не е никаква тајна дека е потребна голема инженерска вештина за производство на автомобилските ѕверки. Посебно за такви каков е Bugatti Chiron, кој може да достигне 420 километри на час. Но уште поголема умешност е да се направи систем кој од такви брзини ќе ги запре. Францускиот производител на суперавтомобили во моментов работи на еден таков, произведен со помош на 3-Д технологија на печатење. Деловите направени со оваа метода одамна не се новост, но во пракса најчесто се користат за макети или прототипи за тестирање. Главна причина се материјалите што се користат за 3-Д печатењето, кои по правило се полимерни односно пластични маси. Bugatti го реши тој проблем со помош на ласерска технологија и користење легура на титан од авионската индустрија. Сопирачките клешти малку се поголеми од кутија за чевли, а се направи од 2.213 доста тенки слоеви. После печатењето се обработуваат термички и механички, а целиот процес на нивно производство трае 45 часа. Сопирачките клешти на Chiron сега се прават од кован алуминиум и имаат тежина од 4,9 килограми, додека новите се тешки само 2,9 килограми.

Bugatti најави и изработка на носач на бришачот со 3-Д печатење, со употреба на алуминиум. Со должина од 63 сантиметри, тој треба да биде најголемиот дел направен со оваа технологија и ќе тежи само 400 грама. Голема пречка за помасовно користење на 3-Д печатењето е и неговата астрономска цена, што не е никаков проблем за Bugatti.


Bugatti

клучни зборови: занимливости, Bugatti Chiron

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии