» BMW се враќа во Македонија

BMW се враќа во Македонија

Објавено на 27 јануари 2015 година

По повеќемесечна пауза, германската марка повторно официјално ќе биде присутна на нашиот пазар.

Засега само со кратко соопштение поставено на официјалната фејсбук фан страница на BMW за Македонија, љубителите на марката се известуваат дека германскиот производител започнува со реструктуирањето на својот тим во нашата земја. Според соопштението, новиот застапник за марките BMW и Mini ќе биде групацијата М-Кар од Пловдив, Бугарија. Подготовките за официјалното враќање на марката веќе се започнати и според нивните најави треба да бидат завршени за кратко време. Исто така, се потврдува и дека ќе биде задржана старата локација на застапништвото, на која до средината на ланската година беа опслужувани сите купувачи и сопственици на возилата од марките BMW и Mini.

Во овој момент отсуствува информација од централата на германскиот производител со која се потврдуваат или демантираат ваквите најави - очигледно сé уште е рано за тоа.

клучни зборови: Македонија, BMW, Mini

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии