» AutoBest Corsa пристигна во Македонија

AutoBest Corsa пристигна во Македонија

Оpel на македонските купувачи им покажа зошто Corsa ја освои престижната, популарна и ценета AutoBest награда
Објавено на 28 февруари 2015 година

 Opel Corsa

Opel ги претстави на домашната публика сите предности на Opel Corsa на една сосема поинаква промоција во катната гаража Македонска Фаланга. Невообичаената локација и идеја придонесе за едно ново доживување, како што впрочем и заслужува овој автомобил.

Со целосно новата Corsa, Opel на македонските купувачи понуди урбан и шик, автомобил, инспириран од модата, кој создава сé поголеми растечки можности во Б-сегментот. „Софистицирана,  Opel Corsa елегантна и возбудлива за возење, новата Corsa зрачи со луксузот на скапите автомобили. Високо квалитетните материјали и карактеристики ја прават нејзината внатрешност далеку најдобра во својата класа“, изјави во своето обраќање генералниот директор на Opel за овие простори Драган Ненадовиќ. Истакнувајќи ја неодамна освоена AutoBest награда која можат да ја освојат само автомобили со неодолива цена и квалитет, тој дополни и дека тоа најдобро покажува колку новата Corsa е непобедлива и дека претставува best-buy понуда во Европа за 2015 година.

Доказ дека новата Corsa ја продолжува традицијата да биде најдобро продаван модел на марка кој низ четири генерации во период од 32 години се продаде во 12,6 милиони единици не се само новиот емоционалниот дизајн и уметноста на германското инженерство, ниту пак само новата генерација бензински и значително изменетите дизел мотори кои овозможуваат ново ниво на комфор, одлични перформанси и ниска потрошувачка на гориво. Тука се и бројните нови технологии чие набројување ќе ве натера да мислите дека заборуваме за некој поголем и поскап модел од германската премиум конкуренција, но пред сé тоа е одличната стартна цена од 10.300 евра.

клучни зборови: Македонија, Opel

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии