» Aston Martin бара партнер во Кина

Aston Martin бара партнер во Кина

Објавено на 12 февруари 2018 година

После најпрофитабилната година во последната деценија, Aston Martin продолжува со нови амбициозни планови за своја експанзија. Сега погледите се свртени кон електрификацијата на гамата. Целта е до 2030 година 25 отсто од возилата да бидат електрични, а останатите хибридни. За остварување на тоа на Aston Martin му треба партнер, кого марката ќе го бара во Кина. Британците не планираат таму да ги произведуваат своите возила, туку им требаат електрични технологии. За возврат, на идниот партнер ќе му ги понудат своите богати искуства во употребата на лесни материјали и аеродинамиката. Петгодишниот план вреден 600 милиони фунти опфаќа и отворање на десетина нови дилерства во Кина. Лани Aston Martin продаде повеќе од 5.000 автомобили, што претставува пораст од скоро 60 отсто. Првиот електричен модел треба да се појави идната година.

клучни зборови: занимливости, Aston Martin

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии