» маратон-тест 24 часа Dacia Duster


Dacia Duster 24h

24 часа Dacia Duster

Со здружени сили, го подложивме Dacia Duster на маратонски 24-часовен тест на патеката НАВАК покрај Белград
Објавено на 29 јануари 2018 година
автор: Крумислав Барзов

Пред започнувањето на тестирањето екипата составена од избрани автомобилски новинари од просторите на бивша Југославија имаше брифинг. На него бевме запознаени со правилата на тестирањето, тајмингот на возењето и безбедносните правила на патеката. Уредникот на српската ревијата САТ, Младен Алвировиќ е организатор на овој настан и домаќин на патеката. Поканети протагонисти на историскиот настан беа водечките автомобилски новинари од регионот. Домаќинот ја претставуваше Србија заедно со неговиот колега Дарко Гигиќ како и директорот на Renault Србија Милан Белин, од Хрватска поканети беа Озрен Адамовиќ и Марко Томац, од Словенија Винко Кренц, Саша Марковиќ од Црна Гора, Алден Хаџагиќ од Босна и Херцеговина и Крумислав Барзов претставник на Македонија.

 Dacia Duster 24h

 Dacia Duster 24h Кој е поиздржлив - ние или тој?


НАВАК или Национална возачка академија се наоѓа на 45 километри северно-западно од Белград. НАВАК е најголем центар во регионот за обука на возачи, но конципиран е на него да може да се одржуваат и трки со возила. Покрај 3.000 метри асфалтна патека во која е вброен правец во должина од 1.200 метри се наоѓа и теренски полигон конципиран да ги исполни сите услови за тестирање на теренски возила и обука на возачите. Токму овие капацитети ќе бидат употребени за 24-часовното тестирање на Duster.

Dacia Duster направи своевиден бум на светскиот пазар, пред сé поради ниската цена. Од неговото претставување во 2010 година успеа да се прошири на сите континенти и да се произведува освен во Романија и во Бразил, Колумбија, Русија, Индија и Индонезија. Забележа продажба поголема од два милиони примероци. Втората генерација ќе ја продолжи успешната приказна со освежен дизајн, подобрена ергономија, опременост и материјали во внатрешноста заокружени со проверената техника. Токму поради овие причини надлежните од Dacia го прифатија предизвикот, но не сакаа да не информираат за цените правдајќи се дека е сé уште рано за прецизни податоци.

 Dacia Duster 24h Изгледот на новиот Duster не е многу сменет, а исти се и моторите

Првичниот план беше секој возач од своите едночасовни турнуси наизменично да вози 30 минути на асфалт и 30 минути на теренскиот полигон. Поради сочувување на пневматиците од асфалтниот дел се користеше правецот на кого сепак се постигнуваа брзини до 140 km/h и се правеа нагли намалувања на брзината помеѓу 50 и 70 km/h. Без оглед колку и по какви услови се возеше на секоја промена на возачите, односно секој час, беа забележувани резултатите од дополнителниот компјутер монтиран во возилото. Неговата задача беше да ги бележи со две видео камери возачот и поминатиот пат, но и параметрите на возилото искажани преку моменталната и просечна брзина на движење, потрошувачката и гравитациските сили што делуваат врз возачот. Кога беше потребно стјуардите организираа дополнување на горивото.

Како што одминуваа километрите така се зголемуваше просечната брзина на движење. И кога се чинеше дека сé функционира во најдобар ред се случи она од што се плашевме - ненадеен дефект! Поминуваше осмиот час на возењето, над патеката се собраа облаци и почна да врне дожд. Иако со слаб интензитет неопходни беа бришачите кои откажаа послушност. Едноставно прекинаа да работат. Техничкото влегување во боксот ги собра дежурните сервисери кои ги проверија електричните осигурувачи. Dacia Duster 24hСé изгледаше во ред, но бришачите сé уште не работеа. Не знам кој се досети на финта од шега. Само го изгаси моторот и по неколку секунди дефектот што можеше да го уништи досегашниот труд го снема и возењето продолжи понатаму.



Сонце, облаци, дожд, снег - за 24 часа се сменија четири годишни времиња

Dacia Duster 24h

Интензитетот на дождот се зголемуваше од час правејќи ги условите на асфалтот тешки а на теренот на одредени делници неподносливи. На тоа кумуваше и темницата. Затоа се собравме возачите на ноќните смени и ја модификувавме рутата на теренот. Го избегнавме извонредно калливиот шумски дел а продолживме со возењата по бочниот нагиб, твистерот, каналот со длабочина на водата од 40 сантиметри и искачување и спуштање на рид. Во корист на безбедноста одлучивме да го смалиме теренското возење од 30 на 20 минути. Оваа одлука се покажа како пресудна за исполнување на нашата мисија бидејќи од минута во минута метеоролошките услови стануваа сé полоши со зголемување на интензитетот на врнежите кои на три часа од комплетирањето на возењето се претворија во снежен нанос.

Duster машки го издржа 24-часовното тестирање на патеката НАВАК - со само еден ситен дефект на бришачитеНа патеката и теренот ги доживеавме најлошите метеоролошки услови. Сепак тие не нé поколебаа да ја искомплетираме нашата цел. Во последниот час времето се смири, како да го призна поразот од деветте возачи кои ги издржаа налетите на ветерот, дождот, снегот а да не зборуваме за калта, конструираните пречки за теренски возила и уморот. Честа да ја заврши оваа авантура му припадна на домаќинот. 24 часа непрекинатото возење го финиширавме и на сите учесници покрај исцрпеноста на лицата се виде радост и триумф! Можеби статистиката најдобро ќе го илустрира овој подвиг. Вкупно поминавме 1.371 километар од кои 1.198 на асфалт и 178 на извонредно тежок терен, потрошени беа 167 литри нафта а просечната потрошувачка од 10,7 литри не е голема поради комплицираните теренски услови како и осцилациите на брзините на асфалтот. На асфалт направени се 1.056 кочења од брзини помеѓу 130 и 140 km/h до опсег од 50 до 70 km/h. Изминати се 844 километри со гас до даска, 157 километри возење на правец со успорувања или динамични сопирања, 197 километри возење низ свиоци. На теренското возење забележавме 250 поминувања низ вода длабока 40 сантиметри кои прават вкупна должина од четири километри возење низ вода, 250 преминувања преку брдо со успон и ниспон од 26 степени, 6.000 метри вкупно возење по најтешкиот нерамен дел со длабочина на дијагонално поставените дупки со длабочина помеѓу 30 и 40 сантиметри наречен твистер, 3.750 метри долго возење по страничен нагиб Dacia Duster 24hпоминато во 250 поминувања, 117 километри возење низ каллив терен и 46 километри долго возење по макадам. Најголема забележана брзина на асфалт достигна 145,4 додека просечната брзина 94,5 km/h. На теренот забележени се максимални 47,6 односно просечни 15,1 km/h.



Duster својата издржливост ја има докажано кај повеќе од два милиони купувачи

Dacia Duster 24h

За сите овие напори во непрекинатото 24-часовно возење имавме само еден дефект на бришачите. Во боксот не беше констатиран никаков дефект на осигурувачите ниту на механиката. Автомобилот е исклучен и повторно вклучен и сé проработе без никакви потешкотии во останатите 16 часа возење. На каросеријата немаше ниту една гребнатинка ниту било каква штета направена на возилото. Осморицата возачи кои ги поминаа тешките услови на возење не само што беа задоволни од учинокот туку се сложија да исполнат нов предизвик. На него веќе се размислува. Едно е сигурно - oктетот повторно ќе пее на Навак.

клучни зборови: тест, Dacia Duster

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии